Кои бои се во тренд ова лето

Често, кога купуваме нова облека, главната работа што нe привлекува кон овие специфични парчиња е, се разбира, бојата. Иако модата постојано се менува, сепак идејата за облекување во сезонски бои останува.

Боите на летото се многу слични на самата сезона – тие се лесни, воздушни и пастелни верзии на боите на виножитото.

На модните писти ова лето дефинитивно можеа да се забележат неколку прекрасни силни но и пастелни нијанси. Без понатамошно одложување, ова се боите кои доминираат во оваа сезона:

БЕЖ

Верувале или не, беж бојата е еден од водечките трендови за ова лето и токму оваа боја ќе Ви помогне да го подигнете Вашиот аутфит на пософистицирано ниво. Иако многумина ќе речат дека тоа е здодевна боја, ако знаете соодветно да ја искомбинирате таа Ви нуди бројни можности за стилизирање. Ако не сте сигурни како да ја носите оваа боја, само држете се до тонски комплементарни комбинации. Значи, оваа сезона не можете да погрешите ако изберете беж боја.

РОЗЕВА

Ако сакате да привлечете внимание и да предизвикате некоја реакција, тогаш совршената боја за Вас ова лето е секако розова. Голем број дизајнери во моментов ја искористија розевата боја во нивните колекции за пролет / лето 2019 година. Значи, ако сакате да да оставите силен впечаток розова е совршен избор.

ВИОЛЕТОВА

Иако Виолетовата не е најочигледниот избор на боја кога станува збор за тонски аутфит, многу модни икони имаат тенденција да го променат ова мислење. Оваа боја одговара исклучително добро со други пастелни и длабоки неутрални тонови. Иако многумина од Вас мислат дека ова е храбар чекор, сепак многу модни блогери советуваат дека оваа боја може да се комбинира на повеќе начини и е одличен избор ако сакате да додадете малку забава и женственост кон Вашиот изглед.

ЖОЛТА

Ако погледнете во која било колекција на пролет / лето 2019, првото нешто што ќе забележите е многу живописни бои. Но, една боја која е најчеста е жолтата. Жолтата боја е неверојатна пролетна боја едноставно поради тоа што на одличен начин ги истакнува работите. Она што е одлично за жолтата е тоа што имате можност да ја комбинирате со многу други бои со цел да создадете свој уникатен изглед.

Која и да е Вашата омилена боја, најважно е да се чувствувате пријатно и удобно во својот аутфит. Изградете свој стил и бидете уникатни!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/these-are-the-trendiest-colors-for-this-summer">