Топ 3 шопинг дестинации за ова лето

Сите посакуваме добар шопинг од време на време и секако, не постои сомневање дека Европа е најдобрата дестинација за шопинг, особено за љубителите на модата. Без разлика дали сакате продавници за ексклузивни брендови, или некои локални антикварници, овие европски градови имаат дефинитивно најдобри понуди за Вас, па обидете се да ги посетите ова лето и да доживеете едно поинакво шопинг искуство:

Барселона, Шпанија

Една од најдобрите улици за шопинг кога станува збор за Барселона е Passeig de Gracia. Оваа улица е дом на различни луксузни брендови, како што се Rolex, Michael Kors, Cartier, Emporio Armani и Lacoste. Во близина, можете да посетите многу барови и хотели, каде што можете да се одморите по долгиот ден поминат во шопинг. Уште едно одлично место е Plaza Catalunya, каде што се наоѓа еден од најпознатите трговски центри – продавницата “El Triangle” и “El Corte Ingles”. Но, ако сте повеќе заинтересирани за локална храна, кафулиња и ресторани, како и некои поевтини брендови, треба да ја посетите Portal de L’Angel, која е во непосредна близина на Plaza Catalunya. И на крајот на патувањето, ако сакате да купите некој сувенир за Вас и Вашето семејство, дефинитивно треба да се упатите кон La Rambla, каде што можете да посетите многу пазари и да видите некои улични изведувачи.

Милано, Италија

Милано е дефинитивно врвен трговски центар за сите оние кои ја сакаат модата! Тој е еден од омилените градови на сите модни икони, па навистина треба да бидете подготвени ако одите таму, затоа што ќе бидете сведоци на различни видови стилови на едно место! Па, ако сте доволно среќни да го посетите овој неверојатен италијански град, Вашата прва шопинг станица треба да биде Via Montenapoleone, која е синоним за луксузен шопинг. Ќе откриете многу дизајнерски брендови, вклучувајќи ги Armani, Prada, Versace и Roberto Cavalli. Потоа, би требало да се упатите кон Corso Venezia, доколку сакате да погледнете и некои меѓународни брендови. Исто така, таму можете да уживате и во прекрасните паркови и градини. Ако барате поевтини опции, секогаш можете да го посетите Corso Vittorio Emanuele II, каде што можете да најдете брендови како H & M, Zara, Bershka или Mango. Апсолутно е вистина кога велиме дека Милано е една од најдобрите шопинг дестинации ширум светот.

Париз, Франција

Воопшто не е изненадување зошто Париз претставува вистински сон на секој купувач, бидејќи Парижаните често се сметаат за едни од луѓето кои дефинитивно имаат најдобар стил ширум светот. Ако се прашувате која е најдоброто место за шопинг во оваа метропола, прво треба да го посетите Faubourg Saint-Honoré, каде можете да најдете некои неверојатни модни парчиња од Versace, Hermes, Yves Saint Laurent и Colette. Но, ако барате некои антички продавници, или продавници за козметика, тогаш Ви препорачуваме да се упатите кон Maraisquarter. А, ако сте љубител на книги, тогаш не смеете да ја пропуштите St-Germain-des-Pres. Исто така, Ве советуваме да ги посетите и локалните продавници на отворено, каде што можете да најдете попуст до 80%.

Меѓутоа, ако не сакате да шетате во различни продавници на ова топло време, а би сакале да купите нешто, секогаш можете да се регистрирате на Qpick – апликацијата која Ви ги нуди најдобрите попусти и нови промоции во Ваша близина! Без разлика дали станува збор за некое парче облека, спортска опрема или сувенир, дефинитивно можете да најдете нешто по Ваш вкус!

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/top-3-shopping-destinations-for-this-summer">