Време е за капут: Трендови кои ќе ја одбележат оваа зима

Зимата е одличен период од годината, период во кој уживаме во божиќните и новогодичните празници и секако, во добриот шопинг. Нови чизми, чанти, марами и што е најважно – нов капут. Добрата работа при купувањето на капут е дека ако успеете да го одберете оној што најдобро Ви прилега, тогаш ќе можете да го носите од сега па се до пристигнувањето до пролетта. Тоа значи помалку време и секако, помалку потрошени пари.

При изборот на капут, треба да го имате предвид Вашиот животен стил и локацијата. ВВажно е да си го поставите прашањето дали сакате нешто што одговара на Вашиот стил и ќе успее да Ве стопли на кратка релација, или можеби Ви е потребна зимска јакна за екстремно ниски температури?
Но, не грижете се, денес е лесно да се најде капут што може да направи да изгледате одлично и да Ве стопли истовремено. Со цел да Ви помогнеме во изборот, ние направивме листа на капути и јакни, што можат да одговараат на стилот на секоја жена, без оглед на материјалите од кои се направени:

Топла зимска јакна

При изборот на зимска јакна, она што треба да го барате е класичен стил и квалитетен дизајн кој ќе трае со децении. Ако сте љубител на зимски спортови како скијање или пешачење во шума во снежни услови, тогаш треба да купите јакна што може ќе Ви овозможи да се чувствувате што е можно потопло.
При купувањето, внимавајте да одберете јакна која може да се справи со екстремно ниските температури.
Кога станува збор за материјалите, побарајте јакна што е направена од мешавина од рециклиран полиестер однадвор, и органски памук што е особено издржлив.
Запаметете дека кога купувате јакна, неопходно е да проверите дали има солиден дизајн, боја која Вам ќе Ви одговара и проверете дали е топла и отпорна на вода, што би знажело дека е произведена да трае подолго.

Капут од волна

Не е од суштинско значење да имате јакна за да Ви биде топло во зима – волнениот капут може да ја заврши истата работа, но исто така ќе Ви даде и стил. Ако не сакате зимски јакни, волната е доволно топла за да Ви помогне да ги издржите ниските температури, а истовремено да имате пософистициран изглед. Она што треба да го купите е капут со едноставна, безвременска силуета што ќе одговара на се. Исто така, внимавајте при изборот на вистинската боја, можете да се одлучите за сива, борди или маслинесто зелена.
Волнениот капут, би бил доволно топол за постудени клими, а ќе Ви овозможи софистицирана силуета што оди совршено со различни формални облеки.

Капут за професионален изглед

Ако барате софистициран зимски капут, тогаш она што Ви треба е шик палто кое има и топлина и функционалност на зимска јакна. Голем број традиционални зимски јакни, не одат добро со професионална гардероба, затоа треба да бидете претпазливи при изборот. Дебел појас на половината за прекрасна силуета на песочен часовник и скриен патент, е совршена комбинација за професионален изглед.
При изборот на боја, најдобрата опција е црна, бидејќи нема подобра боја кога станува збор за секојдневната облека.

Се надеваме дека Ви помогнавме во изборот на совршена јакна или палто за новата сезона. Бидете сигурни дека проверете го Qpick, за повеќе идеи за зимата.

You May Also Like

About the Author: Qpick

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/winter-coats-and-jackets-womens-trends-for-this-season">