Светски ден за правата на потрошувачите

Дали Ви се случило да купите некој производ кој не ги задоволил Вашите потреби?
Имавте ли можност да ги искористите Вашите потрошувачки права и да го вратите или замените со друг?

Сите знаеме дека овие права не постоеле од секогаш, тие биле инспирирани од страна на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди кој на 15ти Март 1962-ра година испратил специјална порака до Конгресот, станувајќи првиот светски лидер кој го поттикнал прашањето за правата на потрошувачите. Овој ден, од 1983-та година се одбележува од страна на организацијата Consumer International со различни кампањи со цел да се подигне свеста за овие права. Организација се состои од 220 членови во 115 земји низ целиот свет.

Кампањата за оваа година е “Making digital marketplace fairer“ која има за цел да го зголеми успехот на кампањата од 2017-та година #BetterDigitalWorld како и да ги промовира дигиталните пазари кои се попристапни и побезбедни за потрошувачите од целиот свет. Во време кога Facebook, Instagram и другите дигитални платформи го доминираат секојдневниот живот, потрошувачите мора да бидат свесни за тоа какво влијание имаат овие онлајн услуги. Е- трговијата го смени начинот на кој луѓето купуваат, нудејќи им на потрошувачите многу повеќе можности а притоа достигнувајќи продажба од 2,29 трилиони долари во изминатата 2017-та година. Но ова исто така носи и еден голем глобален проблем а тоа е дека приближно 70% од потрошувачите се загрижени за тоа колку нивните дигитални исплати се сигурни. Токму затоа оваа кампања повикува на пристап до фер и безбеден интернет за сите, превземање акции против измами како и подобра заштита на потрошувачите онлајн за што и се очекува во Мај 2018-та година во Европа да стапи на сила законот за Заштита на податоци.

Бидете дел од оваа кампања и одиграјте ја Вашата улога преку подигнување на свеста за Вашите потрошувачки права во однос на автентичноста и квалитетот на производите и услугите.

DownloadQpickApp

You May Also Like

About the Author: Qpick

Напишете коментар

FACEBOOK
TWITTER
LINKEDIN
GOOGLE
https://blog.qpick.mk/world-consumer-rights-day">